Туристички инфо центар – Пониква Туристичкиот инфо центар – Пониква кој се наоѓа во Спортско рекреативниот туристички центар Пониква, на Осоговските Планини, На 20 км северно од Кочани, на 1580 метри надморска височина. Во склоп на Tуристичкиот инфо центар постои сала за состаноци, семинари и сл. Истата е опремена со озвучување, микрофони за секој уцесник, LCD - телевизор за разни видео презентации. Во дворот на инфо центарот постои амфитеататар за летни школи, колонии и сл. Во туристичкиот инфо центар е вработено лице кое ќе има за задача да ги информира посетителите за туристичките потенцијали на Осоговијата и Источниот плански регион. На влезот од инфо центарот е поставен Инфо терминал кој ке ги информира посетителите после работното време за туристичките потенцијали. Во Инфо центарот се поставени промотивни материјали и сувенири од целиот Источен плански регион. Изработени се и ќе бидат дополнително изработени разни промотивни материјали и сувенири за целиот ИПР, мапи за регионот со туристички рути и културни и природни споменици.