Езерата на Ченгино Кале

Езерата на Ченгино Кале се две мали периодични езерца-тресетишта, на надморска височина од 1670 до 1750 m, речиси на самата граница со Бугарија. Од нив поголемо е езерцето до врвот, долго 38 m, широко 10 m и со најголема длабочина од 0,8 m. Должината на бреговата линија на ова езерце изнесува 88 m, а езерската површина за време на максимално ниво достигнува 300 m2. Помалото езерце е 1 km северно и има речиси кружна форма со пречник од 17 m. Должината на бреговата линија му изнесува 59 m, а најголемата длабочина е околу 0,5 m. Со вода се хранат исклучиво од атмосферски врнежи и од топење на снегот. Затоа како езера опстојуваат од април до септември. Од биолошки аспект, се сметаат за омбротрофни тресетишта, кои севкупната вода и нутриенти ги примаат од атмосферата. Како такви, претставуваат досега единствени познати во Република Македонија.
Туристички атрактивности:специфичен изглед и положба, богат биодиверзитет.
Потенцијални видови туризам:планинарење, набљудување на природата.
Забелешка:Ова се раритетни природни езерца и треба да се внимава да не дојде до нивно загрозување.