Езеро Пишица


Езеро Пишица се наоѓа над истоименото село во близина на Пробиштип (јужно од градот). Браната е камено-земјена и со неа е создадено езеро со околу 800 000 m3 вода, на- менета главно за наводнување на околните полиња. Самото езеро е долго околу 800 m, ши- роко до 240 m и со најголема длабочина од 15 m. Должината на бреговата линија изнесува близу 2 km. Покрај за наводнување, ова езеро е богато со риба и е значајно рекреативно место за околу 200 риболовци. Со рибниот фонд стопанисува концесионер од Пробиштип. На 26 февруари 2013 година, поради обилните врнежи браната беше доста оштетена, а езерото речиси целосно испуштено поради опасност од поплавување на селото. Поради тоа, почнат е проект за зацврстување и реконструкција на браната.
Туристички атрактивности:езерски пејсаж, богатство од риба.
Потенцијални видови туризам:риболов, прошетки околу езерото, излетнички туризам, селски туризам.
Забелешка:Езерото Пишица има мал, но интересен локален туристички потенцијал.