Калата

Калата е остров во Калиманското Езеро, кој се наоѓа во западниот дел на езерото, на почетокот од заливот вовлечен кон Македонска Каменица. Тоа е единствен остров во источниот дел на Македонија, и ако п овремено н а и стото е зеро к ај с . Т одоровци с е појавува сосема мало островче со површина од 0,2 хектари. Остров Калата е издолжен околу 300 m во правец североисток-југозапад, со најголема широчина од 75 m, а најголема височина 15 – 25 m (во зависност од нивото на водата). Површината на островот просечно изнесува 1,5 хектари, додека должината на бреговата линија му е околу 550 m. Островот Калата од копнениот брег е оддалечен околу 100 – 150 m и затоа до него наједноставно се д оаѓа с о ч амец. Поради големите флуктуации на водата во езерото, во летниот (сушен) период Калата обично станува полуостров поврзан со копнениот дел на североисток. Во поглед на вегетацијата е покриен со дабова шума и бујна трева, а животинскиот свет е доста разновиден (водоземци, влечуги и птици). Инаку, Калата е кратенка од „градот на калајот“ бидејќи од ова место се црпело злато и калај. Загревани се карпи кои имаат златоносни жици и со помош на длета тие жици се вадени и потоа претопувани. Највисоката точка од некогашниот калајски град некогаш била на 200 m над вливот на Каменичка Река во Брегалница. Градот природно бил заштитен од три страни со стрмните долински страни на двете реки. До некогашното зарамнето плато на врвот, односно денешниот остров, пристап постоел само од северната страна. Таа страна е пресечена со одбранбен ров издлабен во карпа. Околу него се распознаваат контури на три градски порти и остатоци од бројни градби.
Туристички атрактивности:островски пејсаж, прекрасен видик кон Калиманско Езеро и клисурата, археолошки наоди, дива „недопрена“ природа.
Потенцијални видови туризам:рибарење, набљудување на природата, кајакарство, застанување со чамец во рамки на езерска рута.
Забелешка:Островот е навистина атрактивен, меѓутоа е слабо познат локално, уште помалку пошироко, а нема ниту туристичко информативна табла или патоказ кон него. Исто така, нема можност за организирана посета, ниту, пак, можност за изнајмување чамец. Освен тоа, пристапноста до островот е ризична и може значително да се подобри со поставување мала дрвена платформа за чамци, поставување и уредување на патека кон внатрешноста и видиковец за одмор.