Пехчевски Водопади

Водопадите во изворишниот дел на Брегалница нарекувани и Пехчевски Водопади, се наоѓаат на десетина км југоисточно од Пехчево, во рамките на истата општина. Реката Брегалница овде е длабоко всечена помеѓу планината Влаина на север и Малешевски Планини на југ. На некои места долинските страни се толку стрмни што наликуваат на мал кањон. Токму тука постојат 7 водопади во прекрасната, густата борова и букова шума. Само два од овие водопади всушност се на Брегалница, а преостанатите се наоѓаат на нејзините притоки Црн Дол, Ж’тачка река и Спиковски Андак. Водопадите се лоцирани во месноста Валавичка река, како што пехчевци ја викаат Брегалница во тој дел. Иако долго време не била позната нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите. Сите водопади изобилуваат со планинска убавина. Најбогат со вода и најголем е еден од двата водопади на Брегалница, а со височина од 14 метри, највисок е водопадот на брегалничката притока Ж’тачка река.

Туристички атрактивности:уникатна појава на огромни земјени отсеци, често со помали земјени пирамиди на нив, појави на слаби извори, прекрасен видик.
Потенцијални видови туризам:трекинг, геотуризам, селски туризам.
Забелешка: Водопадите се пристапни, означени со добра сигнализација и инфо-табли. Целиот простор е убаво уреден. Потребно е да се внимава во однос на загадување на околината. Кај Равна Река можни се дополнителни содржини како адреналински парк, зип-лајн и слично.