Света вода



Света вода се нарекуваат трите извори јужно од селото Тработивиште, на самиот излез на Разловечката Клисура, на надморска височина од околу 700 m. И зворите се во релативно стрмниот дел од долината на Брегалница, слабо пристапни (мора да се помине реката или, пак, да се тргне од с.Тработивиште преку северниот дел на Бејаз Тепе). Изворите, за кои се верува дека имаат исцелителна моќ, се со мала дарежливост.
Туристички атрактивности: чиста природа, убави пејсажи, специфична појава.
Потенцијални видови туризам:трекинг.