Смрдлива вода
Смрдлива вода (Рѓава чешма) е природен извор што се наоѓа во непосредна
близина на Вртена Скала, на 4 km источно од Пехчево. Тоа е постојан извор со значителна
дарежливост. Водата има жолтеникаво-црвенкава боја, а вкусот е кисело горчлив, најверојатно
како резултат што поминува низ разни железни руди со кои обилува Буковик. Се користела, а и
денес се користи за лекување стомачни заболувања.
Туристички атрактивности: чиста природа, убави пејсажи, специфична појава.
Потенцијални видови туризам:трекинг.