Кежовица или Штипска Бања

Кежовица или Штипска Бања се наоѓа на десниот брег на реката Брегалница, на околу 2 km југозападно (низводно) од центарот на Штип кај населбата Ново Село. Двата главни термални извори, Кежовица и Л’џи, кои се користат за бањата, се покрај брегот на Брегалница, оддалечени 300 m. Термоминералните води избиваат од расед кој ги сече гранитните карпи под ридот Исарот. Изворот Л’џи има дарежливост која варира од 1 – 1,5 литри/сек., а темпера- турата на водата варира од 50 – 62°С. Водата во изворот не е константна, туку со зголемувањето на нивото на Брегалница, покрај капацитетот на термоминералната вода на изворот Л’џи, се зголемува и температурата на оваа вода. Температурата на главниот извор на бањата Кежови- ца, е 57°С, а дарежливоста 7 литри/сек. Бањата Кежовица, според својата радиоактивност, спаѓа во ред на најрадиоактивните термоминерални води не само во Македонија туку и пошироко на Балканот. Кежовица како бања е позната уште од турско време, кога се користела за здравствени цели и лична хигиена на жителите. Пишувани податоци за постанокот на бањата не постојат, но се претпоставува дека истата била изградена од страна на Турците на крајот на XVII век, и тоа како примитивна зграда со базен. На ова место постои нова бања, со уредени бањи и базени, како и центар за рехабилитација.

Туристички атрактивности:термоминерална вода со одлични својства, близина на градот Штип, археолошки локалитет.
Потенцијални видови туризам:бањски-спа, здравствено-рекреативен, селски-рурален, набљудување на природата. Забелешка:Бањата е далеку
Забелешка: Бањата е далеку под потребното ниво на квалитет и стандарди за ваков тип објекти. Затоа има само локална посетеност.