Изворите на Брегалница


Изворите на Брегалница се наоѓаат на Малешевските Планини, на надморска височина од околу 1500 – 1700 m. Станува збор за интересно и пространо извориште со десетина извори под врвот Ченгино Кале. Изворите иако се речиси под самиот планински врв, функционираат во текот на целата година, со значителна промена на дарежливоста. Овој терен е доста чист, со голема застапеност на кислород, одлични пејсажи и прекрасен видик.
Туристички атрактивности:иста природа, убави пејсажи, специфична појава, панорамски видик.
Потенцијални видови туризам:трекинг, планинарење, релаксација.