Истибања


Истибања (Кочанска Бања) се одликува со големо богатство од геотермални води. Се смета дека овде во минатото постоеле и се користеле две бањи, од каде и името на селото. Од големото богатство со термоминерални води, денес се користи само мал дел. Имено, постои каптажа од 56 литри/сек., со температура на водата од 67°С, а водата се користи за загревање на оранжерии. Од страна на општина Виница, во постапка е изработка на проект за изградба на спа-центар, односно современ бањски центар на овој простор.
Туристички атрактивности:термоминерална вода со одлични својства.
Потенцијални видови туризам:бањски-спа, здравствено-рекреативен, селски-рурален, набљудување на природата.
Забелешка: Овој простор близу с. Истибања има одлична локација и многу добар потенцијал за бањски (велнес-спа) туризам. Тоа посебно ако се има предвид близината на Виница, Кочани, Делчево, Берово и транзитот кон Бугарија.