Бања во селото Бање

Бања во селото Бање (Кочанска Бања) се наоѓа 7 km западно од Кочани, од северната страна на магистралниот пат Кочани – Штип. Сместена е во подножјето на Осоговските Планини на самиот контакт со Кочанско Поле, на надморската височина од 340 m. Самото село Бање името го добило по бањата и изворите на топла вода во селото. Изворите се карактеризираат со специфични хемиски, минеролошки и термички својства. Количеството вода во бањата во подолг период било назадоволително поради што во 1960-тите години се извршени дупчења и дарежливоста е зголемена на 65 литри вода во секунда. Температурата на водата е 64°С, што значи дека станува збор за мошне погодна вредност. По хемискиот состав бањата спаѓа во групата на слабоминерални хипертермички води. Во неа преовладуваат хидрокарбонатите, слабо е алкална и со низок степен на радиоактивност. Од катјоните најмногу содржи натриум, калиум, калциум и магнезиум, а од анјоните хлор, сулфати, хидрокарбонати, силициумоксид, алуминиумоксид, железооксид и други. Поседува и ретки минерали, како што литиумот, цезимуот, рубидиумот и слично. Ваквите физичко–хемиски својства на водата во Кочанската бања претставуваат основа врз која се базира нејзиното користење за лечење бројни болести. Главно се користи при лечењето на ревматски заболувања, жолчни патишта и жолчната кесичка, заболувања на мочните канали, гинеколошки заболувања, воспалувања на нервите, болести на желудниот и др. Освен тоа, ниската радиоактивност на водата благотворно делува на катаралните воспалувања и заболувањата на дишните ограни. Бањата за првпат ја изградиле и користеле уште Римјаните, а во периодот на осмалинското владеење била користена и од Турците. Во близина на Кочанската бања, кај село Долни Подлог од дупнатина длабока 318 m е откриена топла минерална вода со дарежливост од 95 l/sek и температура од 80 степени, што може да претставува основа за изградба на бањски здравствено рекреативни објекти. Инаку, оваа бања до 1990 година била во многу подобра состојба, со хотелски објект, 10-тина куќи кои се издавале за сместување и постојана посета о д г олем б рој т уристи. За жал, една од најпосетените бањи во Македонија и пошироко последните 2 децении е запуштена и оставена на забот на времето, така што веќе никој не ја користи.
Туристички атрактивности:термоминерална вода со одлични својства, одличен видик кон Кочанско Поле и Плачковица, оризови полиња, археолошки остатоци.
Потенцијални видови туризам:бањски-спа, здравствено-рекреативен, селски-рурален, набљудување на природата. Забелешка: Оваа бања има голем потенцијал кој во денешно време е целосно неискористен во туристички цели. Некогашните релативно солидни објекти се целосно руинирани и во најголем дел неупотребливи. Со земањето под концесија треба да се реновираат и изградат нови содр- жини во вид на модерен спа-центар.