Стамер

Палеонтолошки локалитет Стамер – Делчево стана значаен по тоа што во 2007 год. во атарот на селото Стамер, во непосредна близина на Делчево е пронајдена масовна гробница на праисториски животни, која, според научниците, датира од пред 10 милиони години. На локалитетот се пронајдени заб од носорог, череп од жирафа, и рог од фосилен елен.
Туристички атрактивности: палеонтолошки локалитет.
Потенцијални типови туризам: геотуризам.
Забелешка: Палеонтолошките истражувања на овој локалитет се во тек и во ноември 2014 год. се пронајдени фосилни остатоци од носорог стар од 3 до 5 милиони години. Со оглед на тоа дека нема информации до кога ќе траат истражувањата, а воедно локалитетот не е презентиран, истиот во блиска иднина не може да се стави во функција на туризмот. Се препорачува поставување сигналитика со помош на која локалитетот би се обележал и би се назначила неговата важност.