Св. Апостоли Петар и Павле
Старата црква Св. Апостоли Петар и Павле– Пехчево, која постоела на ова место,
била изградена во 1856 година со залагање на месното население. До црквата била изградена
и импозантна камбанарија, а во склоп на црквата егзистирало и црковно училиште. За жал, сето
ова било уништено во катастрофалниот земјотрес кој во 1904 год. го погодил овој крај. Во 1978
год. била урната старата црква и на нејзино место била изградена денешната, со големо
централно кубе и три апсиди. Црквата е осветена на 9 октомври 1988 година.
Туристички атрактивности: црковен храм во Пехчево
Потенцијални типови туризам: верски туризам,туризам на културно-историското наследство,
манастирски туризам.
Забелешка: Црквата Св. Апостоли Петар и Павле во Пехчево е првенствено интересна за
локалното население и истата може да се стави во функција на туристичката понуда на градот.