Св. Ѓорѓи


Црквата Св. Ѓорѓи, с.Горни Козјак - Карбинци е лоцирана на десетина километри североисточно од Штип, во месноста Горни Козјак и е една од најстарите цркви во Македонија. Според начинот на ѕидање црквата се датира од XI — XII век, а постојат и мислења дека таа е и уште постара, односно ја врзуваат со царувањето на бугарските владетели Борис и Симеон (IX — X век).Се претпоставува дека црквата е обновена во XIV век. Црквата е живописана во неколку фази и од неколку мајстори и денес голем дел од тој живопис е уништен.
Туристички атрактивности: една од најстарите цркви во Македонија.
Потенцијални типови туризам: туризам на културно-историското наследство, верски туризам.