Лесновски манастир

Лесновски манастир, Лесново. Манастирот Св. Гаврил Лесновски ce наоѓа во селото Лесново, во близина на Кратово и Злетово. Манастирската црква е посветена на св. Архангел Михаил и „пустиножителот" Гаврило и датира од 1341 год. од времето на деспотот Јован Оливер. Црквата била подигната на местото на темелите на постара, која постоела уште во времето на Гаврил Лесновски, чии мошти биле закопани тука, а подоцна биле пренесени во Бугарија, во трновската црква Св. Апостоли. Освен архитектурата и живописот, особено вреден во овој манастир е и иконостасот, работен во ажурна резба, дело на познатиот мајстор Петре Филиповски од село Гари, кој го работел од 1811 — 1814 година. Лесновскиот манастир е значаен и за историјата на словенската писменост и литература. Огромен број ракописни и печатени книги од овој познат скрипториум се однесени уште во XIX век надвор од Македонија и денес се чуваат во библиотеките на други земји. Од 1950 година манастирот е прогласен за споменик на културата и е заштитен со закон. Лесновскиот манастир е машки манастир со активен монашки живот.
Туристички атрактивности: манастирската црква од 1341, иконостас дело на Петре Филиповски, манастир со активен монашки живот.
Потенцијални типови туризам: верски туризам,туризам на културно-историското наследство, манастирски туризам.
Забелешка: Одличен пример за манастирски туризам во Република Македонија и пошироко.