Платанови стебла


Платанот на територијата на Република Македонија природно ги населува речните долини на Вардар и некои негови притоки. По бреговите на река Вардар платанот е регистриран на составот на Кадина Река со Вардар, во Таорската Клисура и Демиркаписката Клисура.
Групата од платанови стебла (Platanus orientallis) се наоѓа во с.Мородвис, Општина Зрновци - Источна Македонија. Овие стебла се на надморска висина од 456 m.
На локалитетот Мородвис евидентирани се седум стебла. латановите стебла се одликуваат со различна возрасна структура и старост поголема од 100 години, според некои записи дел од дрвјата се постари и од 500 години. Висината на стеблата се движи од 14 до 18 m, а дебелината на стеблата на градна висина од 3,4 до 6,7 m. Стеблата се распоредени во три групи од две до три стебла.
Платанот е едно од најпознатите и најценетите украсни дрвја и е застапено скоро во секој парк, а како сенковидов вид е саден во скоро секое населено место во Република Македонија. Платанот, бил ценет уште од античко време со што е саден среде населби каде што под својата разгранета крошна создавал услови за собирање на населението за одмор и разговор.
Неговиот ареал ги опфаќа југоисточните подрачја на Балканскиот полуостров, Мала Азија, Средна Азија и понатаму на исток до Хималаите.