Јудови Ливади


Локалитетот Јудови Ливади се наоѓа на само 3km од Пехчево, на надморска височина од околу 1200m, каде што е откриено инсектојадното растение Drosera rotundifolia.Drosera rotundifolia се развива на сфагнумските тресишта на локалитетот.
Растението се исхранува со инсекти, кои се привлечени од црвената боја на растението и светлечките капки од желатинозна материја која ја излачува. Понатаму со помош на своите ензими ги разложува прилепените инсекти, користејќи ги од нив хранливите материи. Период на вегетација е од почеток на јуни до почеток на септември, а цвета во јули.