Дабот Бели
Дабот кај с. Бели т.е. белскиот чинар се наоѓа на ритчесто возвишение (566 m) во
манастирскиот комплекс Св. Илија, 1 km северно од с. Бели. Староста на овој даб се смета дека
е околу 600 години, по што е еден од најстарите дрвја во овој регион, поради што е заштитен со
закон како споменик на природата. Неговите димензии се импозантни: обемот на стеблото му
изнесува околу 7 m, а височината околу 20 m. В о 2 003 г одина е и звршена конзервација на
дабот, исчистен е од гнили слоеви и паразити, со што животниот век му е продолжен за уште
околу 100 години. Меѓутоа, во јуни 2012 година, дабот бил погоден од гром, а стеблото
опожарено, па се очекува негова повторна конзервација. Инаку, по асфалтирањето на патот во
2011 година и по делумно уредување со клупи и други содржини, дабот е доста посетуван.
Туристички атрактивности: вековен даб, убав видик, чиста природа, близина на манастир.
Потенцијални типови туризам: набљудување на природата, трекинг, маунтбајкинг, манастирски.