Виничко Кале
Археолошки локалитет Виничко Кале – Виница се наоѓа југозападно од Виница и е
надaлеку познат по таму пронајдените теракотни икони. На локалитетот можат да се видат
остатоци од неколку објекти, како и остаток од стара црква од првата половина на IV век,
лоцирана во југозападниот дел од локалитетот. Како археолошки локалитет Виничкото Кале
првпат е забележано во 1954 год. од страна на Миодраг Грбиќ, под името „Градиште“. Првите
посериозни истражувања на овај локалитет започнале во 1985 год. и со нив се утврдило дека
во оваа населба постоел живот од неолитско време до средниот век. Населбата била лоцирана
на исклучително погодна местоположба на патот од Стоби за Пауталија и Сердика. Теракотните
икони, по кои е и познато Виничкото Кале, се пронајдени во шутот помеѓу ѕидовите во
резиденцијалниот дел на локалитетот и истите се со непроценлива уметничка, теолошка и
археолошка вредност. Истите датираат од V – VI век и содржат иконографски претстави со
христијанска тематика, како и латински натписи со литургиска содржина.
Туристички атрактивности: археолошки локалитет, теракотни икони, панорамски поглед на
градот.
Потенцијални типови туризам: туризам на културно-историското наследство, верски туризам.
Забелешка: Виничко Кале и околината на Виница се особено интересни за археолошки
истражувања и според досега сработеното и најавите на надлежните лица се очекува овој
тренд да продолжи.