Црквиште-Мородвис

Археолошки локалитет Црквиште – с. Мородвис се наоѓа во источниот дел на Македонија, на 10 km јужно од Кочани, сместено во Кочанската Котлина, во подножјето на Плачковица. Археолошкиот локалитет се наоѓа во центарот на ова село и претставува составен дел на стариот римски град Моробиздон, кој и во пишаните документи од XI и XII век се споменува како голем град и епископско седиште во брегалничкиот регион. Во Моробиздон се пронајдени остатоци од четри цркви. Најстарата е од периодот меѓу V и VI век и две цркви се од XI и XIII век. Помалата црква, која во XIII век е изградена врз базиликата од V век, е најдобро сведоштво за континуитетот на цивилизацијата на ова место.
Туристички атрактивности: археолошки локалитет.
Потенцијални типови туризам: туризам на културно-историското наследство, верски туризам.
Забелешка: Локалитетот е во самото село и во непосредна близина е до новоизградената етно куќа и манастирот "Свети Симеон Столпник" со што дополнително се збогатува туристичката понуда. Со оглед на тоа дека локалитетот се наоѓа надвор од поголемите градски центри и позначајните сообраќајници, се препорачува негова комбинација со други видови туризам.