Баргала

Археолошки локалитет Баргала - Карбинци е утврдена населба од доцноантичко време и еден од позначајните доцноантички градови во Македонија. Градот израснал од рим- ско воено утврдување, за што сведочи натписот на камената плоча од 371 год., случајно пронај- дена во с. Карбинци во текот на Втората светска војна. Од оваа плоча дознаваме каде се наоѓал античкиот град Баргала, како и за проблемите на границата на Македонија кон Тракија и Дакија. Името на градот е со тракиско потекло. Старата античка населба со градски карактер со име- то Баргала се наоѓала кај Долни Козјак. Овој град при крајот на IV век служел како воен камп на римските легии во нивните походи кон исток. Подоцна бил разурнат, а жителите подигнале нов град крај Козјачка Река кај Горни Козјак, што е потврдено со археолошки наоди. Со губењето на стратешкото значење, Баргала почнала да добива изглед на цивилна населба. Во периодот од IV – VI век градот прераснува во моќен епископски центар на Средна Брегалница, а особено во времето на Јустинијан I (527 – 565) градот го достигнал својот врв. Кон крајот на VI век градот во неколку наврати настрадал од аваро-словенските напади, за потоа повторно да биде населен. Во средниот век се формирала нова населба покрај јужниот бедем и југоисточната кула, надвор од границите на овој локалитет, каде се наоѓа и црквата Свети Ѓорги, изградена кон крајот на втората половина на IX век. Во Баргала се откриени монети ковани во времето на Анастасиј I, Јустин I, Јустинијан I, Јустин II, Тибериј и Маврикиј. Археолошкиот локалитет Баргала е лоциран на 12 km североисточно од Штип, во месноста Горен Козјак крај Козјачка Река, во подножјето на планината Плачковица.
Туристички атрактивности: археолошки локалитет, црква Свети Ѓорги.
Потенцијални типови туризам: туризам на културно-историското наследство, верски туризам.
Забелешка: Со оглед на тоа дека археолошкиот локалитет се наоѓа приближно 12 km северо- источно од Штип и покрај него не поминува некоја поважна сообраќајница, потребна е поголема промоција на локалитетот и комбинирање со други видови туризам.